• Наши Услуги

    Астибо Фешн Груп е Вашиот партнер кој што го менаџира производството на облека во Македонија.  Подршката која што ја нудиме на нашите клиенти започнува од процесот на изнаогање транспортно решение, изготвување на царински документи, изготвување на мустри и колекции, производство на налози и испорака на истите.

    Постоиме за Вас, како можеме да Ви помогнеме?

    Преку креирање колекции, производство на најразлични видови облека, почнувајки од кошули и блузи, преку здолништа и панталони, јакни и палта, фустани, ние сме во состојба да Ви понудиме  решение креирано специјално за вашите потреби.

  • Креативен оддел

    Креативниот тим на Астибо Фешн Груп ги следи глобалните модни трендови, почнувајки од ткаенините кои што се “in” во моментот, линии на самата облека, па се до  третмани за доработка на облеката. 

    Нашиот креативен оддел го сочинуваат дизајнери и шаблонери кои се во можност да ја трансформираат вашата визија во реална жива креација. Почнувајки од идеја, преку изготвување на базен шаблон, тотална персонализација е возможна на вашата идеа. КАД-КАМ центарот ви помга и во градирање, уклопување и плотање на шаблони.

    Специјализиран оддел за изработка на мустри нуди производство на мустри, колекции, мали налози, како и налози со специјални величини – изработени по мера.
    Веќе тестираниот производ и дизајн, преку развоен пакет заедно со напишаната спецификација, се предава на соодветниот производител.

  • Менаџирање на производството

    Астибо Фешн Груп го менаџира производството на облека нудејќи палета на услуги кои што креираат дополнителна вредност за нашите клиенти. Представувајќи го најдоброто од Македонија, Вие добивате уникатна можност за соработка со македонските производители на блузи, кошули, сукни, панталони, фустани, трикотажа, блејзери и работна облека.

    Тимот задолжен за организација и менаџирање на нарачките Ви нуди уникатна можност за квалитетно производство на Вашите налози, независно од количината. Секој клиент е значаен за нас и му го посветуваме максималното време и внимание, со цел да се произведе парчето облека кое што одговара на неговите стандарди.

    Астибо Фешн Груп е најдобриот производствен партнер за Вас!

  • Контрола на квалитетот

    Астибо Фешн Груп внимателно ги бира производителите според строго дефинирани критериуми, па поради тоа ја имаме честа да работиме со некои од најдобрите капацитети во Македонија. 

    Тимот за контрола на квалитет обезбедува целосна контрола над производствениот процес, а нуди и технички совети во текот на производството. Извештаи од извршената контрола секојдневно се испраќаат до клиентите во странство, овозможувајќи им нивно континуирано следење на производствениот процес. Контролата се спроведува на неколку нивоа, почнувајки од прва фаза на изработка на мостри, преку кроење, шиење, и на крај визуелна контола. Со ова се обезбедува сигурност дека производите се во согласност со спецификацијата и барањето дадени од страна на клиентот.

  • Царинење

    Астибо Фешн Груп ви стои на располагање и во делот на увозно-извозните постапки, односно врши услуги и во делот на царинењето на пратките. Стручниот тим задолжен за изготвување на царинска документација ќе ви овозможи брзо завршување на царинската процедура и организација на достава на пратката до потребната дестинација. 

    Со цел подобро да ги задоволиме вашите барања, откако се изврши царинење на вашата пратка нудиме сервис за складирање на истата во магацин со површина од 500м2 и нејзино накнадно транспортирање према потребите.

  • Останати услуги

    Најновите технологии од областа на доработката ви овозможуваат дополнителна диференцијација на вашите модели од останатите кои што постојат на пазарот, а со можноста за боење на истите, Ви овозможува секоја нијанса која што сте ја замислиле, да ја имате пред вас во инстнатен период!

    Астибо Фешн Груп ви стои на рапсолагање и за бреднирање на вашите производи, овозможувајки и организирајки штампање и везење на истите, лепење на штрасови, вметнување на нитни и камења итн.

  • Наши Услуги
  • Креативен оддел
  • Менаџирање на производството
  • Контрола на квалитетот
  • Царинење
  • Останати услуги